Претседателот на Франција ќе се вози во Peugeot 5008! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претседателот на Франција ќе се вози во Peugeot 5008!

Франција го прославува денот на својата независност, а претседателот на франција Emmanuel Macron доби специјален, славенички Peugeot 5008!

Претседателот Emmanuel Macron ќе се вози во знаменосецот на Peugeot – новиот SUV со ознаката 5008. Emmanuel Macron се возеше во својот нов Peugeot денес за време на претседателската парада и ја означи 228-годишнината од нападот на Бастилја и отфрлањето на француската монархија.

Според Peugeot, „претседателскиот 5008 е уникатно возило, со специјални преправки со цел да се задоволат потребите за зголемена безбедност.“ Не се откриени никакви други детали, но можеме да претпоставиме дека автомобилот е соодветно блиндиран за потребите и има специјална дополнителна опрема.

Emmanuel Macron е особено горд на француската автомобилска индустрија. PSA групацијата веќе испорача специјален DS 7 кросовер за инаугурацијата на Macron пред неколку месеци, а токму новиот SUV на Peugeot беше избран за претседателската парада. Ние веќе имавме можност ексклузивно да го возиме новиот Peugeot 5008 на почетокот на оваа година, и верувајте – новиот SUV е одлично подготвен за претседателските должности.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.