Утринска Гимнастика: Спајдермен полага за возачка дозвола со новиот Audi А8! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Спајдермен полага за возачка дозвола со новиот Audi А8!

Audi го прослави продолжувањето на соработката со Marvel со објавување на ново видео кое го промовира новиот филм Spider-Man:Homecoming.

Овој видео клип го прикажува Питер Паркер како полага тест за добивање на возачка дозвола. Секако, бидејќи суперхероите возат супер модерни автомобили, тој го извршува тестирањето позади воланот на новиот Audi A8, кој според неговиот одговор припаѓа на Тони Старк (Ironman).

Во текот на видеото, автомобилот ги покажува своите најразлични системи за асистирање на возачот, а потоа Спајдермен го спасува денот со користење на своите способности и вештини. Новиот филм ќе пристигне во Кино Салите на 7ми Јуни и ќе користи неколку модели на Audi, вклучувајќи ги TTS Roadster и R8 Spider.

Погледнете го интересното видео и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.