full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата се намалуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ се намалуваат цените на бензините и дизелот.


Во согласност со методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи да ги пресмета цените на горивата, од вечерва на полноќ рафинериските цени се намалуваат за 6.52 проценти, а малопродажните цени се намалуваат за 4.17 проценти.

Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 1.50 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 62.50  односно 64.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 48 денари.

Новите цени ќе важат од вечерва на полноќ и ќе бидат на сила следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.