Утринска Гимнастика: Audi го трансформира својот Le Mans автомобил во Formula E болид! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Audi го трансформира својот Le Mans автомобил во Formula E болид!

Audi има импресивно портфолио во FIA World Endurance шампионатот – но реши да му се посвети на Formula E тркањето и таму да продолжи со своите успеси!

Германскиот производител учествуваше на вкупно 183 трки, од кои победи на 106, а првото место на подиумот на легендарниот Le Mans го искачи дури 13 пати. Сепак, Audi одлучи да се повлече од FIA World Endurance Шампионатот и да го насочи своето внимание кон Formula E.

Според Audi, Formula E има голем потенцијал, па тие ќе го преземат ABT тимот и ќе го раководат како фабрички-поддржана програма. Ќе се фокусираат на целосно-електричните трки – а тоа е логично за Audi бидејќи планираат 25% од продадените автомобили до 2025-тата година да бидат електрични. По сè изгледа – напредокот навистина е електричен, токму како што кажува поднасловот на ова видео. Во Formula E, Audi ќе се натпреварува со Renault, Citroen, jaguar, Mahindra, NextEV и Faraday Future.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.