full screen background image
Search

Панорама: Новиот Honda Civic Type R

Honda објави нови фотографии од агресивниот Civic Type R – па ова е одлична можност повторно да му посветиме внимание на јапонскиот хот хеч!


Производството на јапонскиот крал на европскиот Nurburgring ќе започне во Обединетото Кралство ова лето, а првите сопственици ќе ги добијат своите возила набргу потоа.

Но што поточно ќе добијат? Новиот Civic Type R е класичен хот хеч, со класичен рецепт – четири-цилиндерски турбо-бензинец, мануелен менувач и погон на предните тркала. Четири-цилиндерскиот VTEC-турбо мотор испорачува 320 коњски сили и 400 Nm кон предните тркала, кои ќе се пренесуваат исклучиво преку шест-степен мануелен менувач. Ова му овозможува на Civic Type R да забрза до 100 километри на час за само 5.7 секунди и да постигне максимални 272 километри на час.

Според официјалните податоци, потрошувачката би требало да биде 7.7 литри гориво на 100 километри – но сите знаеме дека таа бројка е далеку од реалната. Очекувајте најмалку двојно повеќе во реални услови на експлоатација. Новиот Civic Type R е поголем од својот претходник, но истовремено ги следи истите екстремни насоки – спортскиот бодикит, големиот спојлер и големите тркала го издвојуваат од „позрелата“ конкуренција.

Нам само ни останува да се надеваме дека ќе имаме можност да го повозиме. А во меѓувреме – уживајте во фотографиите и видеата од новиот Civic Type R!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.