Баварскиот производител речиси никогаш не практикува два пати да обнови иста генерација од еден модел, но Серија 1 F20 ќе биде редок исклучок.
Измените на екстериерот кај стандардниот модел се речиси непостоечки и опфаќаат само две нови бои за каросеријата – Sunset Orange и Seaside Blue, како и пет нови дизајни на алуминиумски фелни во големини од 17 и 18 инчи.
Сепак, освежувањето доаѓа заедно со три нови специјални верзии – Edition Sport Line Sadow, Edition M Sport Shadow и M140i Edition Shadow. Тие се одликуваат со предни светла со црна позадина и затемнети задни светлосни групи, целосно црни решетки на предните ‘бубрези’ и хромирана црна издувна цевка.
Најголемите промени се наоѓаат во кабината каде дизајнерите ставиле нов инструмент панел и редизајнирана централна конзола. Тука се и мали измени на отворите за вентилација, дополнителни хромирани и црни сјајни детали. Новитетите завршуваат со новите опции за материјали за тапацирите.
Технолошки, новата Серија 1 добива надграден iDrive систем со 8.8-инчен екран на допир, кој доаѓа со одбирање на Navigation Professional опцијата. Купувачите исто така можат да одберат WiFi hotspot кој поддржува до 10 уреди.
Палетата на мотори останува непроменета и ќе ги вклучува сите постоечки агрегати со од три до шест цилиндри комбинирани со погон на задните тркала.