full screen background image
Search

Volkswagen официјално го најавува новото Polo!

Германскиот производител ја најавува новата генерација на својот градски автомобил – популарниот Volkswagen Polo!


Volkswagen полека но сигурно го открива новото Polo, кое ќе треба да се бори во сегмент каде конкуренцијата доаѓа од Европа но и од далечниот исток – и нуди многу работи кои ги очекуваме од значително поголеми автомобили.

Новото Polo ќе биде базирано на MQB A0 платформата (врз која е веќе базирана новата Seat Ibiza, а ќе биде искористена и за следната Skoda Fabia). Ќе се нудат бензински FSI, турбо-бензински TSI и турбодизел TDI мотори. Дел од понудата ќе биде 1.5-литарскиот TSI со 130, односно 150 коњски сили, како и 1-литарски три-цилиндерски мотор кој ќе се нуди со или без турбо-полнач. Оние кои сакаат турбодизел ќе можат да изберат една од неколкуте варијанти на 1.6-литарскиот TDI, а врвот на понудата ќе биде Polo GTI кој ќе користи 2-литарски турбо-бензинец од Golf GTI.

Дебито е планирано за саемот на автомобили во Франкфурт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.