E-Tron ознаката на новиот концепт на Audi најавува дека она што ќе го видиме ќе има некаков електричен погон – а остатокот кажува дека се работи за некаков кросовер со сериозни амбиции!
Од објавените скици можеме да видиме дека се работи за кросовер во Sporback изведба – односно во форма на некаков кросовер со пет врати. Секако, бидејќи се работи за концепт ќе има огромни тркала кои ќе го издвојуваат од подлогата. Според некои познавачи, токму со овој концепт Audi ќе го најави и следниот чекор во еволуцијата на својот дизајнерски јазик.
Повеќе информации ќе имаме во текот на оваа недела, но според она што досега го гледаме концептот најверојатно сугерира како би изгледал сериски кросовер кој би бил на електричен погон.
- Marc Lichte, Head of Design, AUDI AG
- Marc Lichte, Head of Design, AUDI AG
- Design Sketch
- Design Sketch
- Design Sketch
- Detail
- Detail