Корејскиот производител поднесе барање и доби одобрување за патентирање на напреден мотор кој користи цилиндри со различна зафатнина.
Патентот – поднесен во Европската Канцеларија за Патентирање – опишува мотор со четири цилиндри кој има две разични зафатнини на цилиндрите – два со еден капацитет, два со друг. Според она што е опишано, ова би можело да значи дека моторот ќе има два цилиндри со зафатнина од (на пример) 500 кубни сантиметри, и два цилиндри со зафатнина од 300 кубни сантриметри, за вкупна зафатина од 1.6 литри.
Дополинтелно, патентот вклучува и мал електромотор кој има задача да го балансира испорачувањето на вртежен момент, но и да ги намалува вибрациите кои се предизвикани од нееднаквата големина на цилиндрите како и бучавоста која е производ на ваквата конфигурација. Како што знаеме, моторите имаат цилиндри со еднаква зафатнина, која би требало да обезбеди мирно и рафинирано работење – но според Hyundai ваквите мотори користат премногу механичка енергија за стабилно да работат „во лер.“
Барањето за патентирање е поднесено на 2ри Декември 2015-тата година, а патентот е одобрен и објавен на 22ри Март оваа година. Сега за сега, од Hyundai не објавуваат во каков автомобил би можел да најде примена ваквиот мотор – но интересно е да се шпекулира. Една од опциите е да се искористи ваквата конфигурација за напредна деактивација на цилиндри – па покрај деактивирање на цилиндри кои во моментот не се потребни, моторот да може да одлучи дали ќе работи на два цилиндри со поголема, или помала зафатнина.