ABT претстави нов тјунинг пакет за Audi R8 V10 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT претстави нов тјунинг пакет за Audi R8 V10

Германскиот тјунер претстави серија додатоци за оние кои не можат да живеат со стандардните перформанси и изглед на суперавтомобилoт на Audi.

Пакетот на ABT содржи бодикит кој вклучува нови браници, карбонски преден сплитер, странични и задни додатоци и капаци на ретровизорите. Изгледот го надополнуваат кованите 19-инчни ABT High Performance ER-F фелни во ‘black magic’ боја или поголемите 20-инчни GR тркала во ‘anodized black’ нијанса.

Ентериерот е исто така надграден со нова кожа и елементи од карбон, а тука се и специјално креирани патосници, како и ‘ABT’ светлечки логоа на внатрешниот дел од праговите .

Перформансите на суперавтомобилот се подобрени со отстранување на 50 килограми од неговата тежина и додавање на дополнителни 20 кс на 5.2-литарскиот природно аспириран V10 агрегат, зголемувајќи ја конечната сила на 630 кс. Зголемувањето доаѓа од прилагодениот довон на воздух кон моторот и новиот издувен систем од не’рѓосувачки челик. Новата прилагодлива суспензија и спортските стабилизатоди на двете оски ветуваат подобрено управување и стабилност во свиоци.

Тјунираниот Audi R8 ABT беше изложен на автомобилскиот саем во Женева.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.