Женева 2017: Porsche го освежи 911 GT3 и му го врати мануелниот менувач! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2017: Porsche го освежи 911 GT3 и му го врати мануелниот менувач!

Porsche продолжува да ја освежува и да ја зајакнува својата гама – и освежениот GT3 е токму она што очекувавме: помоќен, побрз и со мануелен менувач!

911 GT3 ги носи истите измени кои ги носат и другите освежени модели од 911-гамата, но со неколку значајни измени. Првиот новитет е целосно нов, атмосферски 4-литарски боксер со шест цилиндри кој испорачува 500 коњски сили и 460 Nm вртежен момент. Иако моторот е со иста зафатнина како и моторот кај немилосрдниот 911 R, сепак ова е различен мотор, базиран на тркачките 911 GT3 R и 911 RSR.

Porsche 911 GT3 тежи 1430 килограми (со PDK менувач) и вака опремен забрзува до 100 километри на час за 3.2 секунди, а ќе постигне максимална брзина од 317 километри на час. Сепак, можеби најважниот новитет е враќањето на 6-брзинскиот мануелен менувач, со кој забрзувањето „до стотка“ трае 0.1 секунда подолго, но и максималната брзина изнесува 318 километри на час. Секако, GT3 останува GT3 – а тоа значи идеално управување и возна динамика. Новитет во приказната е управувањето на задната оска, нов заден спојлер изработен од карбон, и изменет преден дел кој го подобрува „дишењето“ на супер-спортскиот 911.

Во кабината, 911 GT3 добива управувач директно преземен од 918 Spyder, нови спортски седишта и можност за тркачки „кади“ наместо стандардните седишта. Се очекува продажбата да започне наскоро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.