Renault Captur добива естетски третман за освежување – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Captur добива естетски третман за освежување

Најпродаваниот субкомпактен кросовер во Европа добива „средновечно“ освежување кое вклучува модернизирање на екстериерот и ентериерот.

Обновениот Captur добива целосни LED предни светлосни групи и фиксен стаклен кров. Дизајнерите на Renault направија и дискретни измени на предната решетка со цел да го направат Captur повеќе да личи на поголемите браќа – Kadjar и Koleos. Покрај тоа, предниот и задниот браник добиваат LED светла во C форма и доаѓаат со редизајнирани заштитни елементи како што имаат повеќето кросовери. Во зависност од нивото на опрема, Captur може да се добие со 16 или 17 инчни алуминиумски тркала, достапни во различни дизајни.

 

Ќе биде понуден со нови бои наречени „Atacama Orange“ и „Ocean Blue“, како и нова боја за покривот „Platinum Gray“. Вкупно, тука се над 30 различни комбинации достапни за персонализирање на надворешноста на кросоверот, додека ентериерот ќе може да се добие со шест различни опции.

Францускиот производител не направи измени под поклопецот на моторот, па новиот Captur ќе ги користи истите 0.9 и 1.2-литарски турбо-бензински агрегати, како и штедливиот 1.5-литарски дизел.

Освежениот Renault Captur ќе дебитира на авотмобилскиот саем во Женева во вторник, каде покрај него брендот ќе претстави и „електрично изненадување“. Овие два модели ќе бидат изложени покрај поголемите Koleos и Alaskan.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.