Новиот Hyundai i30 продолжува да победува во својата категорија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Hyundai i30 продолжува да победува во својата категорија

На неодамнешна екстензивна споредба на германскиот Auto Bild на Ц-сегмент компакти со бензински мотори, новиот i30 на Hyundai успеа да ги надмине европските конкуренти.

Во анализа на Ц-сегментот кој го направи Auto Bild, новиот i30 успеа во силна конкуренција да постигне најдобри резултати. Ова ги потврдува аспирациите на Hyundai да стане најпродаван азиски бренд во Европа – и тоа до 2020-тата година.

Експертите од Auto Bild ја истакнуваат практичноста на новиот i30, а вреди да се напомене дека новиот корејски хечбек победи во 5 од 7 анализирани категории. Интересно е што споредбата ги следни најновите трендови, па споредени се турбо-бензински мотори каде Hyundai се истакнува со новиот 1.4-литарски T-GDI со 140 коњски сили и 242 Nm вртежен момент.

Веќе е најавено пристигнувањето на новиот Hyundai i30 во Македонија – а ние со задоволство ќе ви ги пренесеме нашите впечатоци.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.