full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda Octavia RS 245 – Врвната Octavia катапултира „до стотка“ за 6.6 секунди!

Чешкиот производител ви препорачува да ги зацврстите безбедносните појаси – новиот знаменосец на Octavia гамата располага со 245 коњски сили, забрзува „до стотка“ за 6.6 секунди и постигнува максимални 250 километри на час!

Škoda ја зголеми моќноста на Octavia за 15 коњски сили, и ја направи најмоќнта Octavia во историјата на компанијата. Новата Octavia RS 245 има на располагање 245 коњски сили, благодарение на кои може да достигне 100 километри на час за само 6.6 секунди (односно 6.7 секунди кај караванската изведба), и да продолжи да забрзува сè до максималните 250 километри на час.

Octavia RS 245 го носи новиот лик на Škoda и дополнително истакнува некои спортски детали. Маската на ладилникот и други детали на екстериерот се обоени во сјајна црна боја, светлосните групи користат LED технологија, а адаптивното осветлување доаѓа како дел од стандардната опрема. LED технологија се користи и за светлата за магла, задните светлосни групи и осветлувањето за регистерската табличка.

Сјајно-црни се и завршетоците на издувниот систем како и страничните ретровизори, а делумно-црно е и RS логото. Од Škoda кажуваат дека Octavia RS 245 ќе се препознае и по помоќниот звук кој излегува од издувниот систем. Octavia RS 245 ќе биде официјално претставена на саемот на автомобили во Женева.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.