full screen background image
Search

Mitsubishi ќе претстави нов компактен SUV во Женева

Јапонскиот производител во Женева ќе го претстави својот нов, компактен SUV – а се шират гласини дека новиот мал теренец на Mitsubishi ќе се вика Eclipse!

Со фотографијата која ја гледате, Mitsubishi го најавува својот нов компактен SUV кој ќе го претстави во Женева. Серискиот автомобил влече инспирација од XR-PHEV II концептот на Mitsubishi, но забележуваме детали кои го следат тековниот дизајнерски јазик на компанијата. Новиот компактен SUV во хиерархијата на Mitsubishi би требало да биде поставен некаде помеѓу ASX и Outlander.

Сега за сега не знаеме многу за новиот компактен SUV – но знаеме дека ќе користи скратена верзија од платформата која ја користи одличниот Outlander, а се зборува дека понудата на погонски единици ќе вклучува 1.5-литарски турбо-бензинец кој би требало да испорачува околу 120 коњски сили и 200 Nm вртежен момент, како и 2.2-литарски турбодизел. Бензинецот ќе се нуди со CVT менувач и погон на сите четири тркала, а турбодизелот ќе се нуди со 6-степен мануелен менувач и погон на предните тркала.

Секако, бидејќи се работи за Mitsubishi, можеме да очекуваме некаков електричен погон да се понуди во иднина – јапонската компанија прави големи инвестиции во електрификацијата на своите модели. Премиерата е закажана за 7ми Март во женева.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.