Audi слави јубилеј – 8 милиони автомобили со Quattro погон! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi слави јубилеј – 8 милиони автомобили со Quattro погон!

Со нов, црвен Q5 2.0 TFSI Quattro германскиот производител слави 8 милиони произведени автомобили со легендарниот погон на сите четири тркала кој влече потекло од рели-натпреварите!

 

Германскиот бренд Audi прославува еден посебен настан кој совршено одговара со овој период од годината – од производната линија излезе 8 милионитиот примерок на Audi со Quattro погон – технологија која придонесува за голема безбедност и задоволство при возењето, дури и на снег и мраз. Јубилејниот автомобил е црвен Audi Q5 2.0 TFSI quattro.

Quattro технологијата за прв пат беше претставена во 1980 година, а денес достапна е во повеќе од 100 моделски верзии. Quattro погонот на сите тркала е стандард кај Audi Q7, Audi A4 allroad quattro, Audi A6 allroad quattro, Audi A8, Audi R8 и сите S и RS модели. Во 2015 година, 44% од сите Audi клиенти во светски рамки избраа некој од моделите кои се опремени со Quattro погон. Audi Q5 е на врвот на листата со околу 262.000 продадени примероци. Моделите со quattro погон имаат одлична продажба во САД, Канада, Русија но и на Блискиот Исток.

Audi нуди различни верзии на Quattro погонот, прилагодени за секој модел. Кај компактната моделска серија со попречно поставени мотори, електронски контролираната хидраулична спојка е монтирана на задната оска. R8 спортскиот автомобил има уникатна спојка со мулти линк поставена на предната оска. Во согласност со начинот на возење, овие активни системи ја дистрибуираат силата меѓу двете оски – онаму каде се најпотребни!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.