Nissan Vmotion 2.0 Concept ја најавува иднината на брендот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan Vmotion 2.0 Concept ја најавува иднината на брендот

Nissan во Детроит го претстави концептот Vmotion 2.0, кој ја најавува дизајнерската насока по која брендот ќе чекори во иднината.

Концептот се одликува со мускулести форми и остри линии, а на предниот дел доминира три-димензионална форма на V-Motion архитектурата која веќе ги краси моделите Nissan Murano и Maxima. Останатите дизајнерски одлики се лебдечкиот кров со непрекинати стаклени површини, задните врати кои се отвараат во спротивна насока и задните светлосни групи во V-форма.

Vmotion 2.0 е обоен во топла сребрена боја, со бакарни детали, давајќи му на моделот динамичен, но истовремено дискретен изглед. Автомобилот е поставен на меѓуоскино растојание од 2,850 милиметри и се протега во должина од 2,776 милиметри, што го прави само 13 милиметри пократок од моделот Altima, а ние се сомневаме дека служи и за да ја најави нејзината следна генерација.

Спротивно од агресивниот екстериер, ентериерот изгледа навистина просторно и освежувачки со четирите посебни скулптурирани седишта, елементите од дрво на подот и панелите од вратите, необичниот волан со скратен горен дел, и интегрираниот инструмент панел и мултимедијален систем за возачот и предниот патник.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.