Prior-Design го „набилда“ Mercedes-Benz S-Class Coupe со грст суплементи – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Prior-Design го „набилда“ Mercedes-Benz S-Class Coupe со грст суплементи

Познатата тјунерска компанија Prior-Design претстави нов бодикит за луксузниот Mercedes S-Class Coupe, кој го прави да изгледа како професионален бодибилдер во тесен смокинг.

Бодикитот наречен PD75SC содржи преден браник, сплитер, поклопец на моторот, странични крила, троделен заден спојлер и заден браник со интегриран дводелен дифузер. Сепак, најнагласени се страничните додатоци кои го прошируваат трагот на автомобилот за 10 cm по страна, со што достигнува ширина од 2.12 метри за целото возило.

И покрај тоа што моделот изгледа поагресивно, исто така звучи и далеку „пострашно“ благодарение на издувниот систем од не’рѓосувачки челик со можност за контролирање на гласноста преку вентил. Останатите надградби содржат Напа и Алкантара кожа за ентериерот, како и ковани PD4 фелни со димензии 10х22 инчи напред и 12х22 инчи назад.

Овој бодикит изгледа навистина впечатливо и сметаме дека тој претставува визија на Prior-Design за тоа како би можела да изгледа Black Series изведбата од S-Class Coupe, доколку Mercedes-Benz би се одлучиле да направат таква.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.