Вечерно Кино: Започна производството на новиот Hyundai i30! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Започна производството на новиот Hyundai i30!

Hyundai започна да го произведува новиот i30 во својата фабрика во Ношовице, во Чешката Република.

Луѓето од Hyundai се горди дека најновиот i30 е дизајниран, развиен и сега и ќе се произведува во Европа. Првите возила ќе им бидат достапни на дилерите ширум Европа веќе во Јануари, а фабриката каде се произведуваат и Tucson и ix20 има капацитет да произведе до 350.000 возила годишно.

„Со новиот i30 сакаме да го продолжиме успехот на минатите две генерации – продадовме повеќе од 800.000 примероци од овие возила во Европа од 2008-мата година.“ – изјави Tomas Schmidt, претседателот на Hyundai Motor Europe. Нешто интересно што го забележавме на видеата е дека Hyundai користи сопствени роботи за да го произведува новиот i30.

i30-manufacturing-paint

Новиот i30 ќе се нуди со три бензински и три турбодизел мотори. Во бензинската понуда ќе се најдат атмосферскиот 1.4-литарски мотор со 100 коњски сили и 134 Nm вртежен момент, скалило над него е новиот 1-литарски турбо-бензинец со 120 коњски сили и 170 Nm вртежен момент, а на самиот врв на понудата (барем до појавувањето на N-изведбата) ќе биде новиот 1.4-литарски T-GDI со 140 коњски сили и 242 Nm вртежен момент. Во понудата на турбодизели ќе се најде 1.6-литарскиот мотор на Hyundai кој ќе се нуди во три изведи – основната ќе биде со 95 коњски сили и 280 Nm вртежен момент, потоа 110 коњски сили и 280 Nm вртежен момент и на самиот врв ќе биде верзијата со 136 коњски сили и 300 Nm вртежен момент. Најмоќниот бензинец и двата помоќни турбодизели ќе можат да се нарачаат и со 7-брзински менувач со двојна спојка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.