Утринска Гимнастика: Brabus G63 го прави тоа што најдобро го знае! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Brabus G63 го прави тоа што најдобро го знае!

Ако постои некој автомобил кој отклучува нови можности за стигнување до саканата дестинација надвор од урбаните средини, тоа најдобро го прави Brabus G63, а ова видео го прикажува токму тоа.

Во видеото се појавуваат три модели: Brabus 700 G63 6×6, Brabus G500 4×4² и „стандарден“ Mercedes-Benz G63 6×6. Тие располагаат со 700, 500 и 536 кс, кои во комбинација со постојаниот погон на сите од големите тркала и огромната оддалеченост од подлогата ги прават овие автомобили несопирливи и способни да ги совладаат и најтешките препреки кои ќе се најдат на патот.

Погледнете ги трите монструми како ги прикажуваат своите вештини!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.