ЗАПОЗНАВАЊЕ: Одличен прв контакт со освежениот Peugeot 2008! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ЗАПОЗНАВАЊЕ: Одличен прв контакт со освежениот Peugeot 2008!

Вчера имавме можност одблиску да се запознаеме со освежениот Peugeot 2008, кој освен визуелните измени, носи и нови мотори, но и зголемено растојание од подлогата!

Благодарение на импортерот за возилата на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија – Еуроимпекс – вчера имавме можност да имаме одлично еднодневно дружење со цела флота на Peugeot 2008 возила. Дружењето започна во Скопје, од каде заминавме во Маврово и потоа се вративме во Скопје – а целта беше да ги пробаме автомобилите и подобро да ги запознаеме нивните можности.

На располагање имавме цела флота од Peugeot 2008

peugeot-2008-skopje

На располагање ни беше цела флота од популарниот 2008 – возила опремени како со бензински, така и со турбодизел мотори, а меѓу понудените беше и новиот 1.2 PureTech турбо-бензинец кој е особено интересен. Имавме можност да седнеме зад одлично-опремен примерок на 2008 кој под поклопецот носеше 1.6-литарски HDi турбодизел кој испорачува 110 коњски сили – и кој се покажа како идеален партнер за компакниот SUV на Peugeot. Комфорот и леснотијата со кој го придвижува автомобилот совршено му одговара на карактерот на 2008 и би го препорачале без никакви резерви.

Со фејслифтот, Peugeot го трансформира 2008 од кросовер во SUV благодарение на зголеменото растојание од подлогата, но и Grip Control системот со неколку режими за возење по различни површини.

peugeot-2008-avtopat

Како низ град, така и на отворен пат, 2008 е комфорен и прегледен сопатник. Секако, кога ќе имаме можност поекстензивно да го тестираме новиот 2008 ќе ви ги пренесеме нашите импресии, но и при прв контакт новиот 2008 остава впечаток на модерен, комфорен и опремен SUV идеално погоден за македонските патишта – кои не се баш идеални! Уредот за навигација во ниту еден момент не нè изневери, па лесно стигнавме до нашата дестинација, а модерниот турбодизел работеше рафинирано и екстремно економично.

Маврово беше одлична позадина за освежениот SUV

peugeot-2008-mavrovo1

Кога нашето дружење на Маврово заврши, имавме можност да поминеме малку време во новиот 1.2-литарски PureTech турбо-бензинец кој испорачува 110 коњски сили. Одличниот турбо-бензинец веднаш се истакна како динамичен избор, привлечен за оние кои сакаат поспортски карактер кај автомобилите. Малиот турбо-бензинец без никакви проблеми го задвижуваше 2008 како по кривулестите патишта на Маврово, така и на отворен пат кон Скопје. PureTech моторот и оваа година повторно се закити со титулата Мотор на Годината.

peugeot-2008-mavrovo2

Нашето дружење заврши во Скопје, во просториите на Еуроимпекс – беа одлични домаќини, и им благодариме за можноста на ваков интересен и несекојдневен начин да го запознаеме новиот 2008!

Поврзано:  Два Peugeot 9X8 хипер-автомобили ќе се натпреваруваат и на овогодинешниот Le Mans!

peugeot-2008-mavrovo3



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.