Skoda го слави 20-тиот роденден на Octavia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda го слави 20-тиот роденден на Octavia

Моментално Octavia е несомнено најважниот модел во гамата на Skoda, а пред 20 години тој не ни постоеше.

Производството започна на 3-ти Септември 1996 на настан каде тогашниот чешки претседател Вацлав Хавел даде сигнал за започнување. На славната фабрика во Млада Болеслав и беше потребно проширување од 32,000 квадратни метри за да ја вдоми производствената лента на Octavia, како и дополнителен простор од 2,500 квадратни метри за канцеларии. Сите тие измени започнаа 18 месеци порано, но развојот на Octavia започна многу порано, дури во 1992. Тоа беше само една година откако Volkswagen го зема брендот Skoda во својата групација.

Сите генерации на Octavia беа многу популарни, што е голем успех кога ќе се земе во предвид дека првата не беше достапна во Кина и не се нудеше со многу погонски единици. Во целост, произведени се 5 милиони примероци, што е во просек 400,000 секоја година.

Untitled-2

Пред дваесет години, Octavia беше едноставен седан кој се нудеше со два бензински FSI агрегати и една верзија од 1.9-литарскиот TDI агрегат. Ако се вратиме во сегашноста, изборот е далеку поголем. Најсилната изведба е RS 230, која го користи 2.0-литарскиот турбо-бензинец од Golf GTI.

Сегашниот модел исто така е достапен со неколку верзии од менувачот DSG, Haldex системот за погон на сите тркала, опцијата за прилагодлива суспензија и хидраулично управуван багажник. Цените исто така се зголемени за околу 50%, и тоа е пред да бидат додадени опциите. Најновиот новитет е системот за безжично полнење на телефони.

Моментално, покрај фабриката во Млада Болеслав, Octavia исто така се произведува и во фабриките во Кина, Индија, Русија и Казакстан.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.