full screen background image
Search

Возбуда секој ден во годината – новиот Mercedes-Benz C-Class Cabriolet пристигна во Македонија!

Најновиот кабриолет од Штутгарт – новиот C-Class Cabriolet официјално започна да се продава на европскиот пазар – а во тек со новитетите пред неколку дена пристигна и во Македонија!

C-Class е модел кој за првпат ќе се произведува во кабриолет верзија, а дизајнот на возилото на уникатен начин го отсликува модерниот луксуз како главна стратегија за изгледот на моделите на Mercedes-Benz.

Возилото кое поседува мноштво детали изработени со висок квалитет е опремен со мек покрив, потоа со опциските системи како што се AIRCAP, за заштита од турбулентен воздух, како и AIRSCARF, за внес на топол воздух во кабина со отворен покрив, со што се овозможува 365 дневно уживање, при возење со отворен покрив.
Што се однесува до погонскиот дел, овој модел располага со моќни и ефикасни мотори, чија моќност е во опсег од 156 коњски сили до 367 коњски сили, потоа суспензија која е дизајнирана за да овозможи спортско, агилно управување. Новиот 9-степен автоматски менувач – 9G-TRONIC е достапен во сите варијанти на мотори.

mercedes-benz-c-class-cabriolet-skopje2

Како почетно ниво на избор од кабриолет моделите, новиот C-Class Cabriolet ја следи дизајн филозофијата на Mercedes-Benz за чисти, сензуални форми на изгледот, што му дава својствен карактер на секој модел. Надворешната дизајн линија наликува на купе верзијата, C-Coupe, со експресивен преден дел и т.н.„дијамантска“ предна решетка, LED светла со високи перформанси кои се дел од стандардната опрема, долг преден дел, кој се однесува на капакот на моторот на возилото, мек покрив кој хармонично се спојува со задниот дел и завршува со рамните LED задни светла. Багажникот е со капацитет од 360 литри (285 литри, кога покривот е отворен). Дополнително, благодарение на пониската суспензија за 15 милиметри која е стандардна во споредба со лимузинската верзија, возилото добива спортски, динамични карактеристики коефициентот на аеродинамичност изнесува Cd 0.28.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz го претстави освежениот CLS

Автоматскиот мек покрив е достапен во црна боја како основна верзија или може опциски да се избере меѓу повеќеслојниот акустичен покрив во темно кафена, темно сина, темно црвена или црна боја. Кај овие меки покриви значително е намалена бучавоста од ветерот и околината, дури и при поголеми брзини на возење. Кровот може да се отвора и затвора и во движење, и тоа при брзини до 50 километри на час.

mercedes-benz-c-class-cabriolet-skopje3

Внатрешноста на возилото е со модерен дизајн типичен за кабриолет возила, со разни детали кои вклучуваат последни иновации и материјали од исклучително висок квалитет. Така, на пример, седиштата се обложени со кожа која ја рефлектира топлината и можат да бидат во пет различни бои. Исто така, на располагање се и спортски облик на седишта, со истакнати странични делови, а го вклучуваат и опцискиот AIRSCARF систем за внес на топол воздух при движење со отворен покрив.
Во однос на индивидуализацијата, на располалагње со 13 вида тапацир, 7 вида на внатрешна декорација, 4 вида бои на покрив, 12 различни бои на каросерија, кожена облога на инструмент таблата и многу друго додатоци.

На располагање се и посебните AMG дизајн линија која треба уште повеќе да го истакне спортскиот динамизам на кабриолетот, а се одликува со бројни детали како што е специјалниот изглед на браниците, „дијамантската“ предна решетка, 18 инчни алуминиумски тркала, спортски педали, мулти-функцискиот спортски управувач и друго. Исто така, на пазарот се лансира и специјално издание во ограничено време на производство, позната како Edition 1. Тоа што овој кабриолет го прави да биде посебен е можноста да се ужива подолг временски период во годината во возењето со отворен покрив. Ова е овозможено со помош на системите како што се AIRCAP (за заштита од турбулентен воздух) и AIRSCARF, (за внес на топол воздух во кабина со отворен покрив).

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz го претстави својот нов електричен знаменосец - високо-технолошкиот EQS!

mercedes-benz-c-class-cabriolet-skopje1

Овој модел може да се добие и со AIRMATIC воздушна суспензија, која е електронски контролирана и континуирано обезбедува прилагодување на потпирањето на предната и задната оска, со што се обезбедува низок степен на бучавост и вибрации на гумите.

Функцијата DYNAMIC SELECT со чија помош се определува начинот на возење, од комфорен до спортски е стандардно вклучен во возилото. Со помош на оваа функција возачот може да избере неколку опции од спортско, удобно или економично возење: ECO, COMFORT, SPORT, SPORT PLUS или INDIVIDUAL.

Во однос на моторите, C-Class Cabriolet е достапен со 6 бензински агрегати и тоа со зафатнина од 1.6 литри кој се вградува во C180 верзијата со 156 коњски сили, се до 6-цилиндричен мотор со зафатнина од 3 литри, кој го задвижува моделот Mercedes-AMG C43 4MATIC со 367 коњски сили.  Дизел моторите се достапни како 4-цилиндрични со моќност од 170 коњски сили кој се вградува во верзијата C 220 d, потоа со моќност од 204 коњски сили достапен во верзијата C 250 d.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.