full screen background image
Search

Слушнете го првиот автомобил на N-дивизијата на Hyundai!

Корејците вложуваат многу труд и ресурси во својата нова N-дивизија – под-брендот кој треба да понуди спортски верзии на веќе постоечките модели. Слушнете како звучи новиот i30 N!

Веќе некое време зборуваме за N-дивизијата на Hyundai која ќе понуди алтернатива на добро-познатите европски спортски автомобили (кои воглавно доаѓаат од Германија.) Полека но сигурно, алтернативата на GTI, ST и ним сличните доаѓа од Кореја – а денес за прв пат можеме да слушнеме како ќе звучи Hyundai i30 N.

Некои шпекулации веќе сугерираат дека i30 N ќе носи 2-литарски турбо-бензинец кој ќе испорачува околу 260 коњски сили, а со Albert Biermann на чело (човекот кој своевремено беше главен инженер во M-дивизијата на BMW), сигурно ќе добиеме автомобил кој ќе ги надмине очекувањата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.