full screen background image
Search

Alfa Romeo Furia ја разгорува страста за Cuore Sportivo суперавтомобил

Alfa Romeo моментално нема суперавтомобил во својата гама, а токму тоа го предизвика Полскиот дизајнер „Breshke Design“ да ја прикаже својата визија за иден спортски знаменосец на брендот.

Моментално италијанскиот бренд го има малиот спортски автомобил 4C во својата гама, но како најмоќен модел се издвојува новиот супер-седан Giulia Quadrifoglio со 510 коњски сили. Но што доколку Alfa Romeo сакаат да ја прошират палетата на возила со суперавтомобил? Како тој би изгледал? Можеби слично вака:

Alfa Romeo Furia7

Наречен Alfa Romeo Furia и создаден од Полскиот дизајнер ‘Bershke Design’, автомобилот е инспириран од линиите и формите на историските модели 33 Stradale и GTV Spider, но усогласени со модерен стил, кој ги комбинира убавината, елеганцијата и спортските вештини во најдобар можен начин.

Furia се одликува со нагласени лакови на тркалата, меки и заоблени форми кои завршуваат со остри рабови, стаклена кабина и незаменливиот заштитен триаголник на брендот на предната решетка. Ентериерот е можеби уште поимпресивен, бидејќи располага со прекрасни форми обвиени во кафеава кожа и украсни детали од карбон фибер.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.