Новата Toyota Supra ќе носи мотор од BMW? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Toyota Supra ќе носи мотор од BMW?

Соработката меѓу јапонскиот гигант и баварскиот производител на автомобили не е нешто ново – но дали во најава е сериозно продлабочување на меѓусебната размена на технологии?

Како што наближува премиерата на најновата генерација на BMW Z4, така започнуваат да се појавуваат гласини дека соработката меѓу Toyota и BMW ќе оди на сосем ново ниво. Платформата која ќе ја користи новата Toyota Supra ќе биде заеднички развиена со експертите од BMW, па новото спортско купе на Toyota ќе дели многу компоненти со следната генерација на BMW Z4. Сепак, јапонскиот автомобил ќе биде значително поголем од германскиот, бидејќи ќе користи продолжена и проширена варијанта на заедничката платформа.

Ова не само што ќе и дозволи на Toyota да го постави новиот автомобил над тековниот GT 86, туку и ќе им дозволи на дизајнерите на јапонскиот бренд да изградат уникатен и препознатлив дизајн кој одговара на традицијата и историјата на Supra моделите. Во секој случај, обата автомобили ќе користат мотори од BMW и ќе ги придвижуваат задните тркала, но истовремено ќе имаат и електромотори од Toyota кои ќе ги придвижуваат задните тркала. Се претпоставува дека Toyota ќе ја искористи истата хибридна технологија која ја користи кај своите LeMans тркачки автомобили. Новата Supra ќе биде првиот модел на Toyota кој ќе користи целосно нов менувач со двојна спојка, со цел да ги исполни спортските побарувања.

Се претпоставува дека и BMW и Toyota ќе понудат плаг-ин хибридни верзии од автомобилите во текот на нивниот животен век. Деби на новите автомобили се очекува некаде во 2017.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.