full screen background image
Search

Renault го претстави својот прв пик-ап, големиот Alaskan

Првиот голем пик-ап на францускиот производител ќе се вика Alaskan, а е базиран на докажаната технологија позади Nissan Navara.

Renault влегува во играта со повеќенаменските товарни возила, и тоа со докажана техника позајмена од Nissan Navara. Новиот Renault Alaskan е базиран врз платформата и техниката на Navara NP300, а дизајнот е близок до концептот кој францускиот производител го прикажа пред околу една година.

На предниот дел доминираат големите отвори за воздух на ладилникот и централно-поставениот знак на Renault. Ќе ги препознаете и светлосните групи налик на оние од новиот Megane, а целиот лик е неизбежно Renault. Под поклопецот може да се добијат 2.5-литарски бензинец со 160 коњски сили, или пак 2.5-литарски турбодизел со 160 или 190 коњски сили. Купувачите ќе можат да одберат меѓу шест-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач во комбинација со погон на задните или погон на сите четири тркала.

Верзиите со погон на сите четири тркала ќе добијат и електронски диференцијал со ограничено пролизгување, а ќе може да се добие и заден диференцијал со механичко заклучување. Дистанцата од подлогата е 230 милиметри, Alaskan може да пренесе товар од 1 тон, а вкупно може да влече 3.5 тони – бројка која според Renault е рекордерска во класата.

Alaskan ќе се произведува во Мексико, Шпанија и Аргентина, а по Јужна Америка, ќе го добиеме и во Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.