full screen background image
Search

Hyundai го претстави новиот екстремен RM16 N концепт

Најновата итерација на RM концептите на Hyundai го носи суфиксот N и оди чекор понатаму во претставувањето на амбициите на спортската дивизија на корејскиот производител.

Третата верзија на Project RM (што всушност значи Racing Midship, односно тркачки автомобил со централно поставен мотор) е надополнување на RM14 и RM15 претставени во 2014 и 2015-та година. Новата верзија има поагресивни светлосгни групи, пошироки отвори за воздух и широко поставен преден дел.

hyundai-rm16-n-3

Распоредот на тежината останува непроменет – 43 проценти напред и 57 проценти назад, но тежиштето сега е помалу од 500 милиметри од подлогата, а целата каросерија е направена од екстремно-ригиден материјал – CFRP, односно Carbon-Fiber Reinforced Plastic. Каросеријата е поставена врз алуминиумска рамка.

hyundai-rm16-n-2

Концептот е придвижуван од 2-литарски T-GDI турбо-бензинец со директно вбризгување и електричен турбополнач. Моторот испорачува 300 коњски сили и 383 Nm вртежен момент. Силата се пренесува кон задните тркала преку 6-степен мануелен менувач и електричен диференцијал со ограничено пролизгување.

hyundai-rm16-n-1

N-дивизијата на Hyundai ветува многу, а меѓу другото и екстремни верзии на скоро сите модели кои корејскиот производител ги нуди – останува само да бидеме трпеливи.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.