full screen background image
Search

Renault го претстави монструозниот Clio RS 16 Concept со 275 коњски сили и мануелен менувач!

По повод 40-тиот роденден на Renault Sport, Францускиот бренд претстави специјален концепт наречен Clio RS 16 на Monaco Grand Prix овој викенд.

Автомобилот е всушност Renault Sport Clio опременo со 2-литарскиот четири-цилиндарски турбо-бензинец со 275 кс и шест-степен мануелен менувач преземен од Megane 275 Trophy-R. Силата се пренесува кон подлогата преку диференцијал со ограничено пролизгување на предната оска. Неговиот однос на сила наспрема тежина изнесува 224 кс на тон што е највисок од било кој „цивилен“ модел на Renault Sport.

Суспензијата е истата од Megane RS 275 Trophy-R, која вклучува еднонасочни прилагодливи Ohlins амортизери. Системот за сопирање е исто така преземен од него и користи челични дискови со дијаметар од 350 mm. Задната оска е преземена од рели R3T верзијата на Clio, која нуди 50% поголема крутост, додека предниот и задниот траг се проширени за 60 mm, а тркалата се 19-инчни Speedline Turini фелни обвиени во Michelin Pilot Sport Cup 2 пневматици со тркачки спецификации.

wdsdghj

Поголемите тркала и поширокиот траг, заедно со додатоците на полумесеците, придонесуваат за многу поагресивен став, додека задниот спојлер преземен од тркачкиот модел Clio Cup го редуцира подигнувањето при брзини за 40 kg. Во кабината RS 16 ги користи истите седишта кади и појаси со шест точки на врзување како 275 Trophy-R, но без заштитен кафез. Клима уредот е отстранет со цел да се намали тежината, што овозможува автомобилот да тежи само 1200 килограми.

Моментално постојат само два модели, од кои жолтиот се користи како концептен автомобил, а црниот се користи за развој и тестирање. Renault сака новиот Clio RS 16 да биде гледан како наследник на невообичаениот Clio V6 од минатото. Францускиот бренд во наредните месеци ќе одлучи дали ќе ја лансира оваа изведба на Clio во ограничено производство, со цена блиска до 45,000 евра.

Поврзано:   Специјална Renault СЕГА акција за веднаш-достапни возила!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.