full screen background image
Search

Вечерно Кино: Новата Alfa Romeo Giulia во движење!

Alfa Romeo започна со продажба на новиот седан наречен Giulia во Европа и објави официјални видеа за промоција на автомобилот.

Долгоочекуваниот седан од почеток ќе биде достапен во верзии од 2.2-литарски четири-цилиндарски турбо-дизел агрегат со 147 кс, до 2.9-литарски турбо-бензински V6 агрегат со 503 кс, во врвната QV изведба, а потоа во понудата ќе се приклучат и 2.0-литарските турбо-бензинци.

Според спецификациите објавени од компанијата, Quadrofoglio претставува сериозен конкурент на BMW M3 и Mercedes C63 AMG, а на овие видеа можеме да видиме и да го слушнеме неговиот звук на тркачка патека и на отворени патишта.

Погледнете ги видеата и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.