Volvo пријавува значителен раст на продажбата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo пријавува значителен раст на продажбата!

Благодарение на новите модели во понудата, но и силното присуство на кинескиот и северноамериканскиот пазар, шведскиот производител пријави пораст од скоро 12%!

Во периодот од Јануари до Март, Volvo испорача вкупно 120.591 возило на глобалниот пазар – тоа можеби не звучи како многу, но порастот е очигледен ако земеме во предвид дека минатата година во истиот период продале 107.721 возило.

Најголем е растот во САД – таму се продадени вкупно 16.361 возило, односно 19.2 проценти повеќе од лани. На кинескиот пазар Volvo испорача уште повеќе возила – вкушно 19.636, а тоа е за 13.4 проценти повеќе од минатата година. Голем е растот и на домашниот, шведски пазар каде Volvo испорача 16.047 возила, односно 13.9 проценти повеќе од истиот период лани. Во западна европа се испорачани вкушно 49.286 возила, односно 13.3 проценти повеќе од минатата година.

Најпродаван модел на Volvo во текот на месец Март беше XC60, и вкупно 14.676 примероци од популарниот шведски SUV пронајдоа нови сопственици. Ние не сме изненадени од ова – минатата година имавме можност да го возиме XC60 и нашето време поминато со овој автомобил ни донесе пријатни впечатоци.

Интересно е што растот се зголемува од месец за месец, а со најавените нови технологии и автомобилите кои наскоро треба да започнат да се продаваат, очекуваме тој тренд да продолжи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.