full screen background image
Search

Малата Mazda MX-5 е светски автомобил на годината за 2016!

Веќе традиционално, на саемот на автомобили во Њу Јорк е прогласен светскиот автомобил на годината – а оваа година признанието го однесе Mazda MX-5!

Малиот роудстер на Mazda може да се пофали со две награди на овогодинешните признанија за светски автомобил на годината. Покрај круната за Светски Автомобил на Годината за 2016, Mazda MX-5 зема награда и Светски Автомобилски Дизајн на Годината.

Mazda MX-5 ги победи своите конкуренти кои исто така имаа многу да понудат – другите два финалисти беа Mercedes-Benz GLC и Audi A4.

Покрај наградите за Светски Автомобил на Годината и Дизајн на Годината, беа доделени уште неколку признанија. Светски Луксузен Автомобил на Годината е BMW 7-Series, додека Спортски Автомобил на Годината е Audi R8 Coupe. Признанието за Најеколошки Автомобил на Годината за 2016 го однесе Toyota Mirai.

Патот кон Светскиот Автомобил на Годината за 2016 започна на минатогодинешниот Саем на Автомобили во Франкфурт, кога беа презентирани номинациите. Четири месеци подоцна листата беше скратена, а на почетокот на Март оваа година во Женева, жирито кое се состои од 71 автомобилски новинар ги одбра конечните три финалисти за сите од петте категории.

Честитки до Mazda – повеќе од заслужено!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.