Американска премиера на Hyundai IONIQ – новиот корејски мултиталент претставен во Њу Јорк – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Американска премиера на Hyundai IONIQ – новиот корејски мултиталент претставен во Њу Јорк

Трите различни верзии на новиот технолошки-напреден модел на Hyundai го имаа своето американско деби на овогодинешниот саем на автомобили во Њу Јорк.

Европската премиера на IONIQ беше во Женева, а северноамериканската во моментов е во тек, за време на Саемот на Автомобили во Њу Јорк. Hyundai ги однесе во Америка сите три верзии на IONIQ. Прва верзија е хибридната која доаѓа со 1.6-литарски бензинец со 105 коњски сили и 148 NM, како и електромотор со 43 коњски сили и 169 Nm. Втората варијанта е Plug-in хибридната изведба која е идентична со обичниот хибрид, но доаѓа со 8.9 kWh литиум-јонска полимерна батерија и електромотор со 60 коњски сили. Оваа верзија нуди електрична автономија од преку 40 километри.

Најинтересна изведба е онаа која е чисто електрична. Овој модел ќе ја носи ознаката IONIQ Electric, и нуди 122 коњски сили и 292 Nm вртежен момент. Силата се пренесува преку едно-брзинска трансмисија, а моќта доаѓа од 28 kWh литум-јон полимерна батерија. Батеријата може да се наполни до 80% за само 20 минути со соодветен полнач, а максималната автономија ќе биде 177 километри.

Сите три верзии во ентериерот користат еколошки материјали – на пример, се користи пластика измешана со гранулирано дрво и вулкански камен во тапацирите од вратите, а кровниот тапацир и патосниците се изработени од материјали добиени од шеќерна трска. Секако, IONIQ ќе се нуди со врвни мултимедијални системи со Apple CarPlay и Android Auto поврзување, паметна и ефикасна климатизација, и уште многу, многу повеќе.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.