full screen background image
Search

ОФИЦИЈАЛНО: Ова е Alfa Romeo Giulia!

Нарачките за новиот седан на Alfa Romeo ќе започнат на 15-ти Април, а на почетокот ќе се нуди со еден бензински и два турбодизел мотори!

На самиот почеток ќе можете да ја нарачате вашата Giulia со алуминиумски 2-литарски турбо-бензинец со директно вбризгување кој ќе нуди 200 коњски сили на 5000 вртежи во минута и 330 Nm вртежен момент од само 1750 вртежи во минута. Овој мотор ќе може да се нарача само со 8-степен автоматски менувач.

Алтернативно, доколку сакате турбодизел – тука е 2.2-литарскиот мотор кој ќе се нуди во две верзии – со 150 или 180 коњски сили. Моторот ја носи најновата Multijet II технологија за вбризгување на гориво и ќе може да се комбинира со шест-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач.

Инженерите на Alfa Romeo посветиле многу внимание на постигнување на вистинскиот баланс кај новиот автомобил (кој – да ве потсетиме – ја пренесува силата кон задните тркала), па потешките елементи се поставени колку што е можно поцентрално, а истовремено се користени елементи од карбонски влакна и алуминиум за да се постигне ниска маса. Резултат на тоа е тежина од само 1374 килограми – и тоа кај 2.2-литарскиот турбодизел со 180 коњски сили! Најважната, Quadrifoglio верзија тежи 1524 килограми.

Дополнително, Alfa Romeo го истакнува новиот Integrated Brake System кој директно ги поврзува и ги комбинира сопирачките со системот за контрола на стабилноста. Благодарение на ова, на новиот седан му се потребни само 38.5 метри да сопре од 100 километри на час, односно само 32 метри за Quadrifoglio верзијата. Сите верзии ќе дојдат со многу безбедносни системи, а автомобилот ќе се нуди во три изведби. Едната ќе се вика едноставно Giulia, над неа ќе биде верзијата Super, а на самиот врв верзијата Quadrifoglio.

Поврзано:   Погледнете го новиот дигитален CARSTORE на Automobile SK!

Како што веќе напоменавме – нарачките започнуваат на 15-ти Април!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.