Наменет за вистинските возачи: Porsche го претстави 911 R! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наменет за вистинските возачи: Porsche го претстави 911 R!

Понекогаш изгледа како лепезата на модели кои ја носат ознаката 911 да нема крај – и сега во приказната доаѓа уште еден модел кој носи атмосферски боксер мотор со 500 коњски сили, но и мануелен менувач!

Вистинските ентузијасти имаат на што да се радуваат – по измешаните реакции кои Porsche ги доби за 911 GT3 RS кој се нуди исклучиво со автоматски менувач, Германците решија да одговорат на вистински начин.

porsche-911r-rear

А вистинскиот одговор – барем според Porsche – е волк во овчја кожа. Она што се крие под „кожата“ на овој 911 е наменето за вистинските ентузијасти – 4-литарски flat-six боксер мотор кој испорачува 500 коњски сили, а сите тие ги пренесува кон задните тркала преку 6-степен мануелен менувач. Рецептот е одличен, а резултатот – спектакуларен. Бенчмаркот од 100 километри на час пристигнува за 3.8 секунди, а максималната брзина е 323 километри на час. Цената? Ако веќе морате да прашате – почнува од 190.000 евра.

Porsche 911 R – стара школа, нови возбудувања. И слушнете само како звучи!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.