Jaguar во Женева ќе го претстави врвниот F-Type – моделот со ознака SVR!
Новиот F-Type SVR доаѓа со редизајниран бодикит кој нуди подобрена аеродинамика и вклучува нов сплитер, нови отвори за воздух, поголем заден дифузер и огромен заден спојлер. Суспензијата е преработена, автомобилот има пошироки и полесни тркала и карбон-керамички кочници. Сето тоа, во соработка со 5-литарскиот компресорски V8 кој испорачува 575 коњски сили и 700 Nm вртежен момент ветува многу забава зад воланот!