Фејслифтираните Hyundai Santa Fe и Grand Santa Fe ќе добијат освежен дизајн, но и повеќе технологија во кокпитот!
Оние со поостар вид ќе го забележат суптилниот редизајн кој носи изменета предна маска на ладилникот, нови LED дневни светла, освежени предни и задни светлосни групи, двојни завршетоци на издувниот систем и уште неколку други ситни детали.
Она што е поважно се новите „играчки“ кои Hyundai ќе ги понуди во освежените SUV модели. Еден од најважните новитети е новиот infotainment систем кој доаѓа со многу опции за поврзување, но и нови безбедносни системи – Smart Cruise Control, Lane Departure Warning, Automatic Emergency Braking со можност за препознавање пешаци, адаптивни предни светла со автоматски долги светла и уште многу, многу повеќе.
Уште еден новитет кај овие модели е Drive Mode селекторот кој нуди три различни режими на работа – Sport, Eco и Normal. Секако, во понудата остануваат веќе докажаните мотори – 2.4-литарскиот атмосферски бензинец со 192 коњски сили и 2.2-литарскиот турбодизел со 197 коњски сили.