full screen background image
Search

Lexus најдобар според AutoExpress Driver Power, признанија и за Renault, Porsche, Seat..

Driver Power анкетата која ја прави британскиот AutoExpress опфаќа преку 60.000 возачи и над 200 различни автомобили – и ова се најдобрите автомобили за 2015 година!

Иако листата е за минатата година, сепак е интересно да се разгледаат резултатите. На првото место на листата е луксузниот Lexus IS, што и не е неочекувано. Сопствениците на овој автомобил ги истануваат доверливоста на моделот, но и квалитетот на ентериерот – нешто што е веќе добро познато за сите модели на луксузниот огранок на Toyota. Дополнително, AutoExpress дава признанија и за уште неколку категории – доверливост, квалитет на изработка, ниски трошоци за одржување и возење, и слично. Победниците во тие категории се следните:

Севкупно

1. Lexus IS
2. Skoda Yeti
3. Hyundai i10
4. SEAT Leon
5. Renault ZOE

Најдоверливи Автомобили

1. Toyota iQ
2. Lexus NX
3. Lexus IS

Најдобар квалитет на изработка

1. Lexus NX
2. Lexus RX
3. Lexus IS

Најниски трошоци за одржување и возење

1. Renault ZOE
2. Skoda Citigo
3. VW up!

Најдобри перформанси

1. Porsche 911
2. Jaguar XK/R
3. Jaguar F-Type

Најдобро управување

1. Porsche Boxster
2. Porsche 911
3. Subaru Impreza

Најкомфорно возење

1. Land Rover Discovery 4
2. Lexus IS
3. Range Rover

Најлесни за возење

1. Lexus IS
2. Renault ZOE
3. Skoda Yeti

Најкомфорни седишта

1. Lexus RX
2. Lexus GS
3. Volvo XC70

Најпрактични

1. Subaru Outback
2. Jeep Grand Cherokee
3. Land Rover Discovery 4

Најдобра технологија во автомобилот

1. SEAT Leon
2. Lexus GS
3. Jeep Grand Cherokee

Поврзано:   Првото електрично возило на Lexus е UX300e

Доколку сакате, можете и вие да ја погледнете целосната листа на преку 200 модели автомобили кои се опфатени во анкетата. Целосната листа на AutoExpress Driver Power за 2015 можете да ја погледнете тука.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.