full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: BATTLEDRIFT: Дрифт војна меѓу Mustang RTR и Liberty Walk Murcielago!

Vaughn Gittin Jr. и неговиот 550-коњски Mustang V8 се во Јапонија, каде ќе се соочат со Daigo Saito и неговиот екстремен 650-коњски Lamborghini Murcielago!

Војна на световите! Во едниот агол го имаме Vaughn Gittin Jr. со неговиот Ford Mustang RTR кој има 550 коњски сили благодарение на 5-литарскиот V8, а во другиот агол го имаме Daigo Saito кој како свое оружје го носи своето Lamborghini Murcielago кое е преработено да биде исклучиво на заден погон и има 650 коњски сили од големиот V12!

Двете легенди се соочија во Ниигата, Јапонија – а нивниот двобој може да се каже дека е еден од највозбудливите кои досега сме ги виделе. Пуштете погласно и уживајте во звуците на V8 мускулестиот американец против V12 егзотичниот италијанец!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.