КАДИС го прослави својот 25-ти роденден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

КАДИС го прослави својот 25-ти роденден!

Една од првите приватни компаниии, и моменталниот импортер на брендот Nissan во Македонија минатата седмица го прослави својот 25ти роденден!

Како една од првите приватни фирми во Р.Македонија основана од семејството Каленикови, ТД Кадис ја одбележи 25 годишната успешна работа во бизнисот со автомобили со над 9.000 продадени возила и повеќе од 11,000 задоволни клиенти.

Од првите реклами “Плати и вози” преку Џандар Збира и безбројните промоции и забави за новите модели до хуманитарни проекти , секогаш e присутен со поддршка на естрадата, уметноста, културата и спортот, а токму и со овие пријатели наздрави по повод значајниот јубилеј.

kadis2

„Горди сме што го носиме истиот даночен број без измени и додавки, тој на КАДИС од 03.12.1990 година па се до денес. Да продолжиме и понатаму да им создаваме вистински и чесен пат на идните генерации заедно да градиме стабилно општество базирано на човечност, пријателство, партнерство и семејство” – изјави г-динот Зоран  Калеников, генерален директор на ТД Кадис.

kadis3

Инаку, ТД Кадис 4 години е меѓу 200-те најуспешни и најголеми компании на РМ, со досегашни 3 титули “Автомобил на годината”, 2 титули Golden Dealer во Европа, 3 шампионски титули во женска одбојка заедно со Форца Волеј, 2 во кошарка заедно со МЗТ Скопје. Меѓу другото се гордеат и со бројни донации: донација на автомобили во едукативните центри на Mашински факултет за идните машински инженери, донации за Универзитетската клиника за детски болести Скопје, за Детската кардиохирургија, за Здружение за граѓани за третман на лица со аутизам. Сите овие донации се крунисаа со Награда за општествено одговорна компанија од страна на Министерството за Економија.

Од КАДИС изјавуваат дека продолжуваат и понатаму со истото темпо да бидат достапни и услужни за своите корисници. Им посакуваме среќен роденден и уште многу успех во иднина!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.