full screen background image
Search

Hyundai и официјално го издвои Genesis како засебен бренд!

Корејскиот производител и официјално потврди – Genesis преминува во засебен под-бренд за да може подиректно да се бори со докажаните преиум производители!

Кога Hyundai го лансираше Genesis пред неколку години и на голема врата ги најави своите премиум аспирации, многумина беа скептични во успехот на овој чекор. Неколку години подоцна, челниците на Hyundai се толку сигурни во своите премиум продукти што решија да го издвојат Genesis од Hyundai и да го понудат како засебен луксузен бренд.

Големите седани кои на странските пазари ги носат имињата Genesis и Equus ќе потпаднат под овој бренд, но нивните имиња ќе се заменат со поедноставни, алфанумерички имиња кои би требало да ги истакнат аспирациите. Соодветно на тоа, Equus, односно неговата замена која треба да се појави следната година ќе се виа G90, а сегашниот Genesis седан ќе се вика G80. Според најавеното, Genesis брендот ќе добие грст нови модели – вкупно 6, до 2020-тата година, и сите тие ќе бидат поставени на нова архитектура на заден погон.

Интересното е што на чело на новата Prestige Design Division на Hyundai ќе биде Luc Donckerwolke, човекот кој долго време помина во Lamborghini и Bentley, каде беше задолжен за некои од највлијателните дизајни – меѓу кои би ги издвоиле Lamborghini Murcielago и Gallardo, како и Bentley Flying Spur и EXP 10 Speed 6. Ова е втор човек кој Hyundai го презема од Volkswagen групацијата, по Peter Schreyer.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.