Формула 1: Трета титула за Lewis Hamilton! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Формула 1: Трета титула за Lewis Hamilton!

Lewis Hamilton ја зграпчи третата шампионска титула во шампионатот на возачи во Formula 1!

Историската 1-2 победа на сребрените стрели на United States Grand Prix беше одлична сцена за третата шампионска титула на Lewis Hamilton. Hamilton, кој вози за Mercedes AMG Petronas ја свои третата титула меѓу возачите, а во шампионатот на конструктори, Mercedes води за цели 200 поени пред Ferrari.

Lewis ја освои својата 10-та победа оваа сезона, но и неговата 43-та победа во неговата кариера. Со овој резултат, Lewis е 10-тиот возач во историјата што има освоено 3 или повеќе титули, и е единствениот Британец кој успешно ја има одбрането круната. Зад него заврши Nico Rosberg, за кого ова беше 12-ти подиумски финиш оваа сезона, но и 38-ми во неговата Кариера. Истовремено, луѓето од Mercedes гордо истакнуваат дека ова е 25-тата трка која нивните болиди ја имаат завршено во 1-2 конфигурација, но и 50-тата победа за болиди со Mercedes-Benz мотори!

„Ова е неверојатен момент. Се сеќавам на првиот Британски Шампионат, кога јас и татко ми возевме кон нашиот дом и ја пеевме We Are the Champions. Размислувам за жртвите кои моето семејство ги направи – татко ми, мајка ми, целото семејство. Размислувам и за моите фанови – тие ми даваат толку многу енергија и се надевам дека ги инспирирам никогаш да не се откажат од своите надежи и соништа. Денешната трка беше одлична и сè можеше да се случи. Последните 10-15 етапи беа н еверојатни – едноставно, ова беше луда, луда трка. Бев во водство, потоа бев 4ти, а условите беа тешки.

Неверојатно е да се израмнам и со Ayrton. Мојата цел секогаш беа три титули, бидејќи тој ме инспирираше. Сега нема никој со кој сакам да се израмнам. Само сакам да продолжам понатаму, колку што можам подолго. Секој возач сака да победи во што и да се натпреварува – но ова е крајната цел. Шампионатите значат успех – како твој, така и на тимот. Тимот беше неверојатен, и јас сум неверојатно благодарен. Знаев дека ќе победам со овој тим, и тоа и се случи!“ – изјави возбудениот Lewis!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.