full screen background image
Search

Hamann подготви тјунинг пакет за Porsche Macan!

Тјунерите од Hamann понекогаш знаат навистина да претераат, но пакетот кој го подготвија за малиот Porsche Macan изгледа навистина одлично!

Она што ќе го добиете доколку решите да го нарачате овој пакет од Hamann изгледа одлично – надворешноста е проширена за неколку сантиметри благодарение на екстензиите на крилата, а ќе добиете и дводелен преден спојлер, нови странични прагови, заден спојлер, заден дифузер и уште многу други ситници.

porsche-macan-hamann-side

Секако, не можеме да ги заобиколиме ниту тркалата – 22-инчните Anniversary EVO фелни ќе остават дупка од 5510 евра во вашиот џеб, но изгледаат одлично.

porsche-macan-hamann-rear

Луѓето од Hamann поработеле и на перформансите – па можете да добиете и тјунинг пакет за моторот. Со оваа доработка, вашиот Macan Diesel ќе има на располагање 310 коњски сили и ќе може да постигне 100 километри на час за само 5.7 секунди. Одлично!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.