Промовирани Mercedes-Benz GLC, GLE и GLE Coupe – Одличен мултимедијален настан на Мак Аутостар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Промовирани Mercedes-Benz GLC, GLE и GLE Coupe – Одличен мултимедијален настан на Мак Аутостар!

Веднаш по саемот на автомобили во Франкфурт, македонскиот импортер на Mercedes-Benz ни подготви спектакуларна мултимедијална презентација на новите GLC, GLE и GLE Coupe!

Досега никогаш не се случило оддеднаш да бидат презентирани три нови врвни модели како што се GLC, GLE и GLE Coupe, SUV возила кои го привлекоа сето внимание на посетителите на автомобилскиот саем во Франкфурт.

„Овојпат центар на вниманието од Франкфурт се пресели во салонот на Мак Аутостар, каде на посебено организиран VIP настан, сите љубители на иновациите во автомобилската индустрија, можеа одблизу да се уверат во врвната технологија, поради што оваа година се нарекува Година на теренците на Mercedes-Benz“ – изјави директорот на маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

За сликата да биде целосна, врвната – „најдобрата“ технологија на Mercedes-Benz, беше претставена на мошне оригинален, иновативен начин, за време на забавата што ја подготви Мак Аутостар.

За таа цел, во објектот на Мак Аутостар е поставен најголемиот мултимедијален салон во Македонија, со интерактивен екран во висина од 9 метри и должина од преку 20 метри. Дизајнот како еден од основните принципи на Mercedes-Benz можеше да се види во секој дел од салонот за време на настанот, вклучително и храната, креирана од најдобрите дизајнери во кулинарството.

Новите GLC, GLE и GLE Coupe се дел од Годината на Теренците на Mercedes-Benz и веќе се достапни и може да се видат во салонот на Мак Аутостар, а нам ни беше најавено дека наскоро ќе имаме можност да седнеме зад воланот на овие луксузни SUV автомобили. Новите автомобили ветуваат одлични перформанси, импресивни теренски способности, но и еколошки и моќни мотори, забава зад воланот и многу пратичност и секако – неизбежниот премиум карактер на Mercedes-Benz!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.