Jaguar неодамна ја претстави втората генерација на одличниот XF, но сега ги потврдија сите детали околу моторите и понудата на големиот седан!
Новиот XF ја дели архитектурата со новиот XE, па благодарение на модуларната платформа е до 190 килограми полесен од својот претходник – а турбодизелот со 163 коњски сили е 80 килограми полесен од најблискиот конкурент!
Иако предниот дел на XF е 66 милиметри пократок од порано, а автомобилот е севкупно 7 милиметри пократок и 3 милиметри понизок, сепак благодарение на подолгото меѓуоскино растојание – од дури 55 милиметри – има повеќе простор во внатрешноста!
Во понудата на мотори ќе се најдат два 2-литарски турбодизели со 163, односно 180 коњски сили, 3-литарски V6 турбодизел со 300 коњски сили, како и 3-литарски компресорски бензинец со 380 коњски сили. Само четири-цилиндерските турбодизели ќе можат да бидат нарачани со мануелен менувач – сите други верзии ќе бидат со автоматски.
Новиот Jaguar XF наскоро ќе пристигне и кај нас!