full screen background image
Search

Hyundai ја најавува иднината со Vision G Concept Coupe!

Корејскиот производител преку новиот Vision G Coupe Concept ја најавува инспирацијата за идните премиум продукти на брендот!

Hyundai Vision G Coupe Concept ќе го има официјалното деби на Pebble Beach Concours d’Elegance на 16-ти Август, но уште поважно – овој концепт ја најавува иднината на Genesis под-брендот на Hyundai!

„Дизајнот е нашата интерпретација на идејата која Hyundai ја вдахнува во сите свои возила – ДНК која балансира меѓу дизајн и перформансите и идејата дека нема потреба да се претерува со стереотипните премиум елементи.“ – објасни Питер Шрејер, претседателот на Hyundai кој воедно е и одговорен за дизсајнот.

Според него, Vision G Coupe Concept намерно има неагресивен изглед, а екстериерот го истакнуваат преку долгиот поклопец на моторот и високата карактерна линија. Ентериерот е луксузен и едноставен, без непотребни детали. Нам ни се допаѓа! Детал на „ненаметлив луксуз“ кој го истакнуваат од Hyundai е автоматското отворање на вратите. Под поклопецот на моторот се крие 5-литарски V8 кој испорачува 420 коњски сили и 520 Nm вртежен момент.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.