full screen background image
Search

Најава: Suzuki ќе претстави нов хечбек; ќе го ревитализира името Baleno!

Јапонскиот производител наскоро ќе ја прошири својата гама со уште еден модел, а за да го приближи моделот до купувачите ќе го искористи добро познатото име – Baleno!

Според официјалната најава, новиот Baleno ќе биде хечбек со пет врати кој „комбинира стилски дизајн, простран ентериер и нови технологии.“ Еден од моторите кои ќе се вградуваат во Baleno е 1-литарски BOOSTERJET турбо-бензинец со директно вбризгување, а се очекува серискиот автомобил да биде за нијанса подолг од четири метри.

Премиерата е закажана за саемот на автомобили во Франфурт, поточно за 15-ти Септември, а продажбата треба да започне некаде на средината на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.