Skoda се грижи за вашите миленици – чешкиот бренд лансираше сигурносен појас за кучиња! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda се грижи за вашите миленици – чешкиот бренд лансираше сигурносен појас за кучиња!

Меѓу другите додатоци кои можете да ги нарачате кај вашиот Skoda дилер, сега ќе можете да најдете и опрема наменета за вашиот миленик!

Првата работа која можете да ја нарачате е сигурносен појас наменет за кучиња – се прикачува за обичниот сигурносен појас и можете да го нарачате во неколку различни големини – во зависност од големината на вашето куче.

skoda-doggie2

Дополнително, можете да нарачате и заштитно платно кое се закачува на потпирачите за глава на предните и задните седишта. Ова платно нуди одлична заштита за вашите седишта од влакната на вашиот миленик, како и дополнително оштетување. Интересно, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.