full screen background image
Search

Малиот 108 – градскиот воин на Peugeot – претставен во Скопје!

Викендов, новиот Peugeot 108 беше за прв пат претставен на јавноста – сите посетители во скопскиот City Mall имаа прилика да го погледнат новиот градски шармер.

Веднаш се забележува привлечниот дизајн на малиот 108 – а кога ќе се додаде богатата дополнителна опрема и сончевиот кров, комбинацијата станува уште попривлечна, особено за време на жешките денови. Под поклопецот се кријат 3-цилиндерските 1.0 или 1.2 Pure Tech мотори на францускиот бренд, а во ентериерот нè пречека привлечен и модерен ентериер. Малиот 108 ги привлекуваше погледите на минувачите и сите со интерес го разгледуваа урбаниот француски автомобил.

p108-wide

„Peugeot брендот ја промени својата стратегија пред нешто повеќе од 2 години, а во фокусот несебично го има потрошувачот. Брендот е насочен кон развој на возила кои ќе ги задоволат барањата и на најспецифичните клиенти“ – изјави Ивана Манчева од Еуроимпекс и додаде – „Новиот Peugeot 108 нуди 7 теми на персонализација кои овозможуваат на клиентите да ја истакнат својата личност. Интуитивната внатрешност е дизајнирана да понуди максимален простор за возачот и патниците. А, новите мотори ги застапуваат Euro 6 нормите. Новиот Peugeot 108 е интелигентен и „поврзан“, компактен и удобен! Тој е совршено градско возило.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.