Hyundai ix25 доаѓа наскоро, ќе го носи името Creta! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai ix25 доаѓа наскоро, ќе го носи името Creta!

Корејскиот производител официјално го објави името на својот нов суб-компактен кросовер, кој ќе започне да се продава подоцна оваа година!

Hyundai подготвува конкурент на популарните Juke и Captur, а новиот автомобил треба да се појави на пазарот во текот на оваа година. Согласно стратегијата на заменување на алфанумеричките имиња со нови, како што новиот ix35 се вика Tucson, новиот субкомпактен кросовер ќе се вика Creta.

Според она што е најавено, можеме да очекуваме дека Creta ќе биде сериска верзија на ix25 Concept кој имаше премиера на саемот на автомобили во Кина минатата година. Луѓето од Hyundai најавуваат дека името влече инспирација од грчкиот остров Крит, но исто така тврдат дека „Creta намерно изнудува сличности со зборот креативност и влече позитивна асоцијација со медитеранскиот остров Крит, кој е познат по комбинирањето релаксирачка и мирна атмосфера со жив и енергичен пристап кон надворешните активности.“

Малиот ix25 веќе се продава во Кина, каде и се произведува (но исклучиво за локалниот пазар). Таму носи 1.6-литарски бензинец со 125 коњски сили кој ги придвижува предните тркала, или пак 2-литарски бензинец со 160 коњски сили и погон на сите тркала. Сепак, според Hyundai ова ќе биде глобален продукт, па ние во Европа можеме да очекуваме поширока гама на бензински и дизел мотори.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.